Добредојдовте на веб страната на www.elida.com.mk. Со пристапување на нашата веб страна или со користење на нашите услуги, Вие потврдувате дека ги прифаќате овие Општи правила и услови за купување и користење (во понатамошниот текст: “Правила и услови”) и се согласувате да ги почитувате. Доколку не се согласувате со овие Правила и услови, Ве молиме да не ја пристапувате кон нашата веб страна и да не ги користите нашите услуги.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие Правила и услови пред да направите било какви нарачки од нашиот сајт.
Доколку имате било какви прашања кои се однесуваат на Правилата и условите за купување и користење, Ве молиме да се обратите на нашата e-mail адреса info@elida.com.mk.
Овие Правила и услови може да бидат променети. Ваша одговорност е да ги читате периодично, бидејќи ќе важат Правилата и условите за време на користењето на веб страната или склучувањето на релевантниот Договор коишто се правосилни во моментот.
Продажбата на добра преку оваа веб страна се изведува од страна на Трговско друштво за производство и услуги ЕЛИДА ДОО увоз-извоз Куманово, друштво со ограничена одговорност со регистрирана адреса на Населено место без уличен систем бр.1/-1, Љубодраг, Куманово, Република Северна Македонија, регистрирана со деловен рег. бр. 4529120 во Централниот регистар на Република Северна Македонија и со даночен број MK 4017992120589.
Веб страната www.elida.com.mk може да се користи без никакви надоместоци за користењето, а во согласност со овде наведените Правила и услови.
Со користење на оваа веб страна и нарачување преку неа, се согласувате и изјавувате дека:
- Ќе ја користите оваа веб страна само за законски валидни нарачки;
- Нема да правите лажни или измамнички нарачки. Доколку нарачка од ваков тип може разумно да се смета за направена, овластени сме да ја откажеме и да ги информираме надлежните органи.
- Дека имате над 18 години и дека сте законски квалификувани да склучувате обврзувачки договори.
Лицата помлади од 18 години не смеат да ја користат веб страната. ЕЛИДА ДОО Куманово не поседува или одржува информации за лица со возраст под 18 години и веб страната не е дизајниранa за да привлече некој под 18 годишна возраст.
Забранета продажба на алкохолни пијалоци и цигари на лица со возраст под 18 години. Со купувањето на овие производи (алкохолнипијалоци и цигари) се изјаснувате дека имате најмалку 18 години.
Доколку се решите да направите нарачка на нашата веб страна, се обврзувате истата уредно да ја примите на локацијата која ќе ја наведете. При злоупотреба на нашиот сервис, односно, при правење на лажна и измамничка нарачка, ЕЛИДА ДОО Куманово има целосно право да покрене законска постапка против Вас за да ја надомести штетата која е резултат од злоупотребата направена од Ваша страна.
За да се регистрирате на нашата веб страна треба да го пополните формуларот за регистрација. Купувачот ја сноси одговорноста за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата.
Доколку дојде до промени на поедини податоци кои ги имате внесено при регистрацијата, должни сте да го ажурирате Вашиот профил како би не информирале за настанатите промени.
Условите за купување на производи преку веб страната се дефинирани со следниве параметри: нарачка, подготовка, испорака, плаќање, рекламација.
Испорачател на производите е ЕЛИДА ДОО Куманово кој преку своjaтa веб страна овозможува купување на голем дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во неговата понуда.
Услугата за испорака на производите понудени во оваа е-продавница е достапна секој ден од понеделник до недела, на територијата на Република Северна Македонија. ( Куманово и реоните/населените места наведени на страницата), согласно ценовникот за испорака наведени на нашата страница.
- Нарачка
Нарачка од е-продавницата се остварува по електронски пат со селектирање на производи, нивни количини и додавање на истите во Вашата кошничка. Одбраните производи се сметаат за успешно нарачани во моментот кога ќе го изберете полето “Плати на врата” или кога ќе се изврши успешно плаќање со платежна картичка.
Доколку не сме во можност да испорачаме било кој од нарачаните производи, ќе Ве контактираме телефонски. Сите нарачки на производи зависат од достапноста. Слично, доколку има потешкотии со добавувачката на производи или доколку нема веќе производи на залиха, го зачувуваме правото да Ве информираме за заменски производи од ист или подобар квалитет и нивната вредност.
Одбивање да се процесира нарачка
Го зачувуваме правото да отстраниме кој било производ од оваа е-продавница во кое било време и да отстраниме или промениме каков било материјал или содржина од неа. Иако секогаш ќе сториме сè што е возможно да ги процесираме сите нарачки, може да има исклучителни околности кои ќе нè принудат да го одбиеме процесирањето на нарачката откако сме ја испратиле Потврдата за нарачка. Го зачувуваме правото да го сториме тоа во кое било време.
Нема да сме обврзани кон Вас или кон трета страна за отстранување производ од е-продавницата, за отстранување или промена на каков било материјал или содржина од е-продавницата или за непроцесирање нарачка откако сме ја испратиле Потврдата за нарачка.
Цени
Цените важат во моментот кога е направена нарачката. Сите цени се изразени во македонската национална валута - денари (МКД) со вклучен ДДВ.
Цената на производите секогаш ќе биде онаа што е наведена на нашата е-продавница, освен во случај на очигледна грешка. Иако ќе сториме сè да гарантираме дека цените дадени на е-продавницата се точни, може да настанат грешки. Доколку откриеме грешка во цената на кој било од производите кои сте ги нарачале, ќе Ве информираме во најбрз можен рок и ќе Ви дадеме можност да ја потврдите нарачката со коригираната цена или да ја откажете. Доколку не сме во можност да Ви се обратиме, нарачката ќе се смета за откажана и сите платени износи ќе Ви бидат надоместени во целост.
Не сме обврзани да Ви дадеме кој било производ со погрешно наведена пониска цена (дури и кога сме ја испратиле Потврдата за испорака) доколку грешката во цената е очигледна и јасна и сте можеле разумно да ја препознаете како погрешна цена.
Ориентациона цена
Цената во Вашата кошничка е ориентациона цена. Тоа е наша проценка колку ќе изнесува Вашата нарачка кога ќе Ви ја доставиме сo нарачаните производи. Меѓутоа, истата може да се разликува минимално во зависност од производите кои Ви се испорачани. Тоа посебно се однесува во делот на пакуваните производи со различна грамажа (на пример: сувомеснати производи, млечен програм, замрзнат програм, овошје и зеленчук итн.).
За производите што се на размерување, отстапување е дозволено до +/- 50гр., што значи дека производите што се во вакум пакување, а се со цена на килограм, ќе Ви ги доставиме оние со најсоодветна грамажа.
- Подготовка на нарачката
Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани од нашиот персонал во соодветни кеси за истите да не бидат оштетени за време на транспортот.
Купувачот е должен при преземањето на нарачката детално да ја провери од евентуални оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се презема одговорност по однос на рекламацијата за испорака на производите.
Откажување на нарачката
Платформата на ЕЛИДА ДОО Куманово Ви дозволува откажување на посакувана нарачка, се доколку истата е откажана во разумен рок и пред да биде испорачана. Корисниците, односно Вие, исто така, можете да ја откажете нарачката доколку се јавите (031-419-521). Доколку нарачката е откажана во согласност со оваа клаузула, Вие нема да имате одговорност истата да ја платите.
- Испорака
Нарачката се доставува преку професионална компанија специјализирана за достава секој ден во рамки на термините и согласно ценовникот за испорака наведени на нашата веб страна.
За нарачките кои ќе бидат направени до 14:00 часот, доставата ќе биде извршена истиот ден или во договор со купувачот согласно неговите потреби, а за сите нарачки направени по 14:00 часот, доставата ќе биде извршена најдоцна до крајот на наредниот ден или во договор со купувачот согласно неговите потреби.
Сепак, може да има одолжувања поради причини како појавата на непредвидени околности. Доколку поради која било причина, не сме во можност да го исполниме датумот за испорака, за истото ќе бидете навремено информирани.
Испораката ќе се смета за извршена, или нарачката за „доставена“ кога Вие или трета страна посочена од Вас ќе се стекне со физичка сопственост на добрата, што ќе се евидентира со потпишување на сметката за нарачка на адресата за испорака посочена од Вас.
Доколку не сте дома, во Вашата канцеларија, во времето на испораката нашиот возач ќе Ви телефонира. Ако не може да Ве добие ќе Ви оставиме картичка со наведеното време во кое сме биле кај Вас и ќе побараме да не контактирате што е можно побрзо на телефонот наведен на картичката.
Доколку при испорака на нарачката во зградата нема лифт или истиот не е во употреба, нарачката ќе Ви биде доставена до влезната врата на станбениот објект.
Неможност за испорака
Доколку е невозможно да ја доставиме нарачката, ќе се обидеме да најдеме безбедно место да ја оставиме. Доколку не можеме да најдеме безбедно место, нарачката ќе биде вратена во нашето складиште.
Исто така, ќе оставиме порака со објаснување каде се наоѓа нарачката и што да сторите за повторно да се достави. Доколку не сте на местото за испорака во договореното време, бараме да ни се обратите за ја организираме испорака во друг ден.
Имајте на ум дека дополнителниот трошок за транспорт имаме право да Ви го предадеме Вам.
- Плаќање
Како корисници, Вие можете да одберете дали за нарачката ќе ја платите во готово при самата достава или онлајн со кредитна/дебитна картичка. Корисникот кој ја одбрал опцијата “Плати на врата” се обврзува да ја плати сумата при испорака на производите, а ЕЛИДА ДОО Куманово Ве замолува да имате спремни парични средства во износ најблизок до висината на сметката. За плаќањето да биде извршено онлајн, потребно е да внесете податоци за Вашата платежна картичка.
- Рекламација на производите
Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба. Доколку пратката е неисправна, купувачот треба да се пожали во истиот момент на телефонскиот број 031/419-521 или писмено на следниов е-маил: info@elida.com.mk.
Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:
- испорака на производи кои не се нарачани. Во овој случај Купувачот може да побара бесплатна достава на соодветните производи во најбрз можен рок или да ја одбие испораката и откаже нарачката;
- недостиг на одреден производ од направената нарачка. При одбивање на приемот на нарачката, купувачот има право да бара поврат на паричните средства за направената нарачка или да бара бесплатна испорака на тоа што недостасува во најбрз можен рок;
- испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба. Во овој случај Купувачот може да побара бесплатна достава на соодветните производи во најбрз можен рок или да ја одбие испораката и откаже нарачката;
- испорака на производи кои имаат видни оштетувања. Во овој случај Купувачот може да побара бесплатна достава на соодветните производи во најбрз можен рок или да ја одбие испораката и откаже нарачката.
Во случај да не сме во можност да испорачаме други производи во најбрз можен рок, ќе Ви ги надоместиме на трошоците и вредноста на производите кои не можат да се испорачаат.
Бидејќи нашата услуга е целосно зависна од Интернет конекција и електронските комуникации, нашата веб страна, софтвер, и услуга може да бидат предмет на одложувања, ограничувања и други проблеми поврзани со Интернетот. За неуспеси во испораката, одложувања, или друга економска штета што произлегува од проблеми поврзани со Интернетот и електронските комуникации, ЕЛИДА ДОО Куманово не сноси никаква одговорност.
ЕЛИДА ДОО Куманово, со своето дискреционо право, може да го модифицира својот софтвер или услуга, истите да ги прекине или пак да го суспендира, измени, или прекине Вашиот пристап до софтверот и услугите од било која причина, со или без известување и без одговорност кон Вас или било која трета страна.
За доцнење и неизвршување на своите обврски во случај кога постојат причини кои се надвор од контрола на нашата компанија, ние нема да се сметаме за одговорни. Настани надвор од наша контрола се: инвазија, штрајкови, терористички напад или закана од терористички напад, пожар, експлозија, војна (дали е прогласена или не), или закана или подготовка за војна, експлозија, поплава, земјотрес, невреме, епидемија, или друга природна катастрофа; сообраќаен метеж, сообраќајни несреќи, неможност за користење на јавен или приватен транспорт, неможност за користење на јавни или приватни телекомуникациски мрежи; декретите, актите, регулативите, законите и слично.
ЕЛИДА ДОО Куманово го задржува правото да го измени или прекине било кој аспект од овие Правила и услови и/или од Политиката на приватност во било кое време, како што смета дека е пожелно или неопходно. Од Вас очекуваме периодично да ја посетувате оваа страница и да обрнете внимание на направените промени со цел да не настанат недоразбирања. Секое користење на веб страната од страна на крајниот корисник ќе се смета како форма на прифаќање на измените кои се направени на сајтот.
Трговско друштво за производство и услуги ЕЛИДА ДОО увоз-извоз Куманово е насочено кон заштита на приватноста на посетителите на веб страната www.elida.com.mk. Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страна и/или ги користите нашите услуги преку истата. Ве молиме да ја прочитате Политиката на приватност во која е објаснето како ги користиме и како ги заштитуваме вашите лични податоци.
Со пристапување на нашата веб страна или со користење на нашите услуги, Вие потврдувате дека сте согласни со собирање и користење на Вашите информации на начин утврден во оваа Политика на приватност. Доколку не се сложувате, Ве молиме да не пристапувате кон нашата веб страна и да не ги користите нашите услуги.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Трговско друштво за производство и услуги ЕЛИДА ДОО увоз-извоз Куманово соседиште на Населено место без уличен систем бр. 1/-1, Љубодраг, Куманово, Република Северна Македонија, со ЕМБС: 4529120 и ЕДБ: 4017992120589.
Активностите на обработка поврзани со онлајн услугите достапни преку веб страната на ЕЛИДА ДОО Куманово, се извршуваат од страна на техничкиот персонал одговорен за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Активностите за обработка поврзани со нашите административни услуги се извршуваат од страна на нашите административни работници, врз основа на нивните службени должности и принципот: “треба да знае” (“need to know”) .
Чии податоци ги собираме?
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата веб страна elida.com.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб страна, како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња. (подолу во текстот).;
- Лица кои креирале профил, односно, се регистрирале на нашата веб страна elida.com.mk;
- Корисници на онлајн услугите на ЕЛИДА ДОО Куманово.
Категории на податоци кои се обработуваат
- Податоци за навигација
При регистрирање на нашата веб страна, секој посетител ги остава следните лични податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која Ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на ЕЛИДА ДОО Куманово;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 (петнаесет) дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб страна.
- Податоци кои корисниците ги доставуваат заради регистрација на веб страната и оние кои доброволно ги доставуваат
- Име и презиме;
- Адреса;
- Телефонски број;
- Е-меил адреса;
- Информации за исплата од кредитна или дебитна картичка.
Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела и трети лица, освен кога станува збор за пријавување на злонамерен напад, по барање од Агенцијата за заштита на личните податоци во постапка за утврдување на повреда на лични податоци или во други случаи предвидени со закон. Нашата веб страна ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална нивна злоупотреба.
Причини поради кои ги употребуваме Вашите податоци
Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме поради следните причини:
- да ги примиме Вашите нарачки и да ја извршиме испораката;
- да контактираме со Вас со врска со вашите нарачки и доставата на истите;
- да контактираме со Вас за промотивни понуди или други комуникации кои може да бидат во Ваш интерес;
- да одговориме на Вашите прашања поврзани со нарачките, доставата и обработката на личните податоци;
- да ги персонализираме содржините кои ги гледате кога ја посетуваме нашата веб страна и
- да го пресметуваме вкупниот број посетители на нашата веб страна.
Како ги собираме личните податоци?
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги и формите за регистрација и најава;
- преку нашата е-маил адреса: info@elida.com.mk.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 122/2020) и периодот потребен за постигнување на целта на нивната обработка.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на личните податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
- право на пристап до личните податоци;
- право на исправка и бришење на личните податоци;
- право на ограничување на обработката на личните податоци;
- право на приговор.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да се обратите на нашата e-mail адреса info@elida.com.mk.
Политика за заштита на лични податоци на малолетни лица
ЕЛИДА ДОО Куманово не дозволува користење на веб страната од страна на деца, односно, лица помали од 18 години. Таквата употреба на веб страната е строго забранета. Нашата веб страна е дизајнирана со намера да биде користена исклучиво од страна на возрасни лица. Со користење на нашата платформа, Вие изјавувате дека сте возрасно лице со навршени 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетни за да можете да креирате профил, како и за извршите нарачки и плаќања. Доколку дојдеме до знаење дека одреден корисник кој е регистриран на нашата веб страна е помлад од 18 години, профилот и податоците поврзани со тој корисник веднаш ќе бидат отстранети.
Промена на Политиката на приватност
Го задржуваме правото на промена, дополнување и ажурирање на Политиката на приватност во било кое време и без претходна најава, соодветно на настанатите промени и нашите активности. Доколку го сториме тоа, ќе Ве известиме преку различни процедури на веб страната (на пример преку банер, скок-прозорец или „push“ известување), или преку испраќање на известување на Вашата е-маил адреса кога промената е релевантна за Вашата приватност, за да можете да ги разгледате и процените промените, а по потреба да се спротивставите или да се откажете од некоја услуга или функција. Во секој случај, Ви предлагаме периодично да ја проверувате политиката на приватност при посета на нашата веб страна.
Трговско друштво за производство и услуги ЕЛИДА ДОО увоз-извоз Куманово користи колачиња за да го олесни пребарувањето на веб страната, да разбере како комуницирате со нас и во одредени случаи, да може да Ви прикаже реклами во согласност со Вашите навики на пребарување. Ве молиме, прочитајте ги нашите информации за Колачињата за подетално да ги разберете колачињата кои ги користиме, нивната намена и други информации од интерес.
Што се колачињата (cookies)?
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои при посетата на нашата веб страна се зачувуваат во Вашиот компјутер, мобилен телефон или било кој уред со цел да се подобри корисничкото упатство. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страната. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.
Зошто користиме колачиња (cookies)?
На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:
- За техничко функционирање на веб страницата;
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
- За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
- За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страна.
Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страната сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.
Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.
За што не ги користиме колачињата (cookies)?
Во колачињата кои ги користиме не ги чуваме чувствителните лични информации, какви што се Вашето име, адреса, лозинка, податоците за Вашата кредитна или дебитна картичка и слично.
Каков вид на колачиња (cookies) користиме?
Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.
Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?
Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате, овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.
Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.
Целокупната содржина која се наоѓа на веб страната www.elida.com.mk, што содржи авторски права, заштитен материјал, трговска марка, како и други сопственички информации кои ги вклучуваат, но не се ограничени на фотографии, графика, звук, музика, текст, софтвер и видео е во ексклузивна сопственост на ЕЛИДА ДОО Куманово. Нашата компанија целосно го задржува авторското право над селекцијата, модификацијата, и координацијата на содржината која ја поседува.
СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВАА ВЕБ СТРАНА ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД ЕЛИДА ДОО КУМАНОВО Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО.
Секое прекршување на овие Правила и услови може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.
Крајниот корисник не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на оваа веб страна било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. ЕЛИДА ДОО Куманово не сноси товар или одговорност да му даде на крајниот корисник индикации за да тој да научи дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка.
За решавање на евентуалните спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на оваа веб страна или користење на нашите услуги,меродавно ќе биде правото и позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, а надлежен ќе биде судот во Куманово.
Со почит,
Тимот на ЕЛИДА ДОО Куманово.